![goran-a](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/goran-a.jpg?resize=696%2C403&ssl=1)
Моето веќе се виде Наташа, јас не верувам дека повеќе ќе можам да разгорам огниште, нема да има кога. Чувај ми ги децата и мајка ми, пишува Горан Ангелов во писмото до својата сопруга Наташа.
Горан Ангелов вчера беше осуден на 12 години затвор поради „тероризам на 27 април“ пред Собранието на Република Македонија.
Нате, мојов живот повеќе не ми припаѓа мене. Тој и е завештаен на една друга армасица, понесреќна и посвета од сите нас. Нејзе и припаѓам со цело мое битие, до последна капка крв, до последен здив. Тоа е Македонија. Ќе ми фалите секој момент од денот, секоја секунда, и ти и децата, а и старата. Сакам сите да знаат, дека не постои таков пишан збор кој може да ја опише мојата почит кон тебе и кон све што правиш за нашето семејство. Чувај се, чувај ми ги децата. Пази ми ја и мајка, тешко и е. Не тагувај, да знаеш дека и покрај све, мене ми е задоволство да и го посветам мојот живот на Македонија. Чувај ми се, Наташа, пишува Ангелов во писмото до сопругата и семејството што беше објавено на Фејсбук.