Новиот германски министер за одбрана Борис Писториус изјави во четвртокот дека Берлин нема унилатерално да дејствија кога станува збор за испраќање на германските тешки борбени тенкови од типот „Leopard 2“ на Украина.
„Ќе мора да сочекаме и да видиме како тоа ќе оди натаму. Во преговори сме, особено со нашиот трансатлантски партнер САД. Токму како што постапивме во претходните случаи, суштината е да не се дејствува самостојно“, рече Писториус за телевизијата RTL.
Германскиот министер за одбрана додаде дека статнува збор за „усогласено дејствување“, како што неодамна беше во случајот со 40-те борбени оклопни возила „Marder“, со што го повторни повеќемесечниот став на челните германски функционери.
Писториус истакна дека Германија постојано ја поддржувала Украина од почетокот на војната и дека ќе продолжи тоа да го прави.
„На Русија не смее да ѝ се дозволи да победи во војната, Сојузна Република Германија ќе даде секаков придонес во таа цел“, изјави Писториус веројатно најавувајќи целосно долгорочно прекинување на односите на Берлин со Москва.
Украина во четвртокот повторно ги повика нејзините западни спонзори, имајќи ја сѐ понезавидната ситуација на фронтот, да побрзаат во снабдувањето со најсовремените тенкови и противвоздушни системи, велејќи дека земјата „плаќа со животи додека се одолговлекуваат дискусиите“ во западните престолнини.
Западните сојузници во петок во американската воздухопловна база Рамштајн во западна Германија ќе дискутираат вршејќи притисок врз Берлин да дозволи неговите тешки борбени тенкови „Leopard 2“ да ѝ бидат испорачани на Украина во обидот да ги истисне руските сили. За предавање на овие тенкови, според договорите за набавка, и земјите кои ги поседуваат мора добијат одобрување од Германија за да ѝ ги предадат на Украина.
Киев, чии единици се под голем притисок на руските единици особено на југоисточниот дел од фронтот, бараше илјада западни напредни борбени тенкови германските „Leopard 2“, американските „Abrams“ и британските „Challenger 2“. Досега само Лондон објави дека ќе испорача 12 или 14 своите тенкови од 50-те кои првични беа најавени.
Украина стравува дека зимата ќе им даде време на руските сили да се прегрупираат и да започнат голем офанзивен напад, но воените аналитичари оценуваат дека временските услови и мекиот терен кој ќе преовладува веројатно следните месеци не погодуваат за целосни дејствија на тешките офанзивни тенкови.