![pivolend 2022](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/pivolend-2022-1.jpg?resize=696%2C696&ssl=1)
На плоштад „Македонија“ од денеска до 7 септември ќе се одржи Пиволенд 2022 – Дојди, Види, Испиј!“.
Првичниот термин за манифестацијата беше од 31 август до 4 септември, но беше променет поради големото невреме што го зафати Скопје.
-Оваа година, Пиволенд ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови пиво и забава која наговестува голема посетеност, како и можноста да се купи маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе се донира за здружението „Во мојот свет“, известуваат организаторите.
Промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи.