Севернокорејскиот челнин Кимн Џонг-ун изјави во средата дека неговата земја станала нуклеарна сила во целосна смисла, откако успешно го тестираше новиот тип проектил со кој може да гаѓа цел на кој и да е дел од американскиот континент.
Со лансирњето на овој интерконтинентален балистички прокетил беше прекинат 75-дневниот период на затишје во кој Северна Кореја не изведуваше никакви ракетни тестирања. Ова истовремено претставува нов предизвик за американскиот претседател Доналд Трамп кој тврдеше дека развој на такви капацитети „нема да има“.
Новата ракета „Хвасонг 15“, наречена по планетата Марс, е понапредна верзија на интерконтинентален балистички проекти кој двапати е тестиран во јули.
Омилента телевизиска водителка на севернокорејскиот режим Ри Чун-Хи, вообичаено задолжена за важни обајви, на телевизијата ја прочита веста за овој упсех на Пјонгјанг.
„Ким Џонг-ун гордо изјави дека конено го остваривме нашата голема историска цел и станавме нуклеарна сила. Големиот успех во испитувањето на интерконтиненталниот балистички проектил ’Хвасонг 15’ претставува побед која нема цен, а ја извојува херојскиот народ“ на Северна Кореја, прочите водителката.
Официјалните медиуми известуват за досега најмодерното оружје.
„Оружениот систем од типот на интерконтиненталните балистичи проектил ’Хвасонг 15’ е поектил опремен со тешка и голема боева глава со кој може да сег гаѓа целиот америкнски континент“, објави севернокорејската новинска агенција KCNA.
Според официјалните информации од Пјонгјанг, проектилот кој може да понесе нуклеарна боева глава достигнал височина од 4.475 километри, или повеќе од 10 пати повеќе од Меѓународната вселенска станица (ISS) и паднал на 950 километри од лансирната рампа. Ракетата летaла околу 53 минут и паднала во морето во ексклузивната економска зона н Јапопнија на 250 километри од пефектурата Аомори.
Пјонгјанг тврди дека тестирањето на ракетата не ја загрозило безбедноста на ниедна од соседните земји. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун лично го следел лансирањето и дал високи оцени. Според него, земјата постигнала „историски успех во комплетирњето на нуклеарното оружје“.
Во средата соопштение до медиумите за лансирањето објави и амбасадата на Северна Кореја во Москва, во коешто се потврдува дека севернокорејската балистичка ракета „Хвасонг 15“ може да поенесе „екстремно голема тешка нуклеарна боев глава“ и оти овој проектил може да досеген „која и да е точка од копното на САД“.
Пјонгјанг кој себе си се опишува како „одговорна нуклеарна сила“ наведува дека развојот на стратешкото оружје се прави со цел да се заштити суверенитетот на Северна Кореја од „политиките на нуклеарната уцена и накулеарна закана од страна на САД“, како и поради заштита на народот“.
„Уште еднаш свечено објавуваме дека ова не претставува никаква закан за која и да е земја или регион, се додека не биде нарушени интересите на нашта земја“, се наведува во соопштението.
Многу нуклеарни експерти, меѓутоа сметаат дека Северна Кореја допрво треба да докаже дека ги надминала техничките пречки, вклучително и способноста за лансирање тешка никлеарна боева глава на врвото од интерконтиеннтален балистички проектил, но дека наскоро и тоа ќе го стори.
„Тоа не мора да ни се доаѓа, но е мораме да научиме да живееме со способноста на Северна Кореја САД да ги земe на нишанoт на своето нуклеарно оружје“, предупредува Џефри луис, директор на програмаа за еширење на нуклеарното оружје во источна Азија при иснтитутот за стратешки студии во Мидлбери.
Врз основа на траекторијата и оддалеченоста, новата ракета веројатно ќе има дострел поголем од 13.000 куломери, повеќе од доволно да стаса до Вашингтон и другите делови на САД, соопшти Здружението на научниците со седиште во САД,напоменувајќи дека е нејасно колкаво полнење оваа ракета носела и дали може да носи голема боева глава и колку далеку.