Платформата на Албанците не може да биде основ за формирање на Влада

Платформа Албанци

Заедничката платформа на партиите од албанскиот блок ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците нема да може да биде реализирана дури и да биде прифатена од некоја од македонските партии, сметаат познавачите.

Таа платформа не можат да ја реализираат албанските политички партии и исто така неможе да ја реализира и само еден политички субјект од македонскиот политички блок затоа што најголем дел од круцијалните прашања коишто се утврдени во платформата се всушност системски прашања, коишто се носат со двотретинско мнозинство и за дел од нив е потребен еден поширок политички консензус, како за официјализација на албанскиот јазик на територија на цела држава, така и за многу други системски прашања како финансирање на општини, промена на химна, грб, знаме. Така што дури и да се профати платформата во целост од која било од двете најголеми македонски политички партии, таа нема да може да биде рализирана без пратениците на едната, односно на другата македонска партија, потенцира универзитетската  Тања Каракамишева-Јовановска.

Според политичкиот аналитичар, Александар Даштевски, платформата на трите абански партии не може да биде основа за формирање на Влада или не, бидејќи дел од точките се неисполниви, за дел од нив треба да се одлучува на референдум, а за други пак потебно е двотретиснко мнозинство.

Платформата не е нешто што може да биде договор помеѓу политичките партии за составување на Влада или не, затоа што платформата содржи работи кои зависат од организирање на референдум бидејќи не може политичките партии да одлучат за тоа, исто така има работи кои завист од промена на Уставот за што е потребно двотретинско мнозинство, има и многу работи кои веќе се исполети како и работи кои се неисполниви, односно не можат да се иполнат и каде во прашање е суверенитетот и унитарноста на државата, вели Даштевски.

Според дел од аналитичарите, кои важат за блиски до опозициската СДСМ, нема ништо спорно во тоа СДСМ да ја прифати платформата потпишана од албанските партии.

Содржината на платформата, која јас се обидувам да не ја коментирам, е направена таква да биде неприфатлива за ВМРО, односно да ВМРО има доволно отстапка и оправдување заради тоа што ќе оди во опозицијата. Истовремено таму нема речиси ништо спорно за СДСМ да направи Влада со ДУИ. На крајот ќе си го добие мандатот втората по големина партија во Собранието, таа ќе и пристапи на ДУИ, бидејќи таква е математиката, ќе се побара поддршка и од другите. Веќе се усогласуваат ставовите, гледате како веќе се кристализира гламурозната платформа, се распадна се сведе на четири-пет применливи точки. Нема ништо спорно во тие точки без разлика на драмите што се обидуваат да ги прават, посочи пред некој ден во изјава за телевизија „Телма“ аналитичарот Сашо Ордановски.

И додека голем број поддржувачи на опозициската партија делат слични ставови, некои од нив дури тврдејќи дека Албанците биле премногу меки и несуштински во нивните барања. кои се содржани во нивната платформа, од СДСМ се уште молчат и не излегуваат со официјален став

Според Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ зачудува тоа што изминатите две недели социјалдемократите редовно ги искажуваат нивните ставови за голем број актуелни прашања како што се загадувањето, увозот на струја, а се уште немаат став за не платформата на албанските партии. Милошоски во изјава за телевизијата „Канал 5“ посочува оти партијата на Заев преку своите експерти испаќа сигнали дека за нив е прифатливо се – само да дојдат на власт.

Платформата е постизборна на неколку партии на македонските Албанци во Република Македонија и тоа што ние го забележува беше начинот на кој таа е создадена. Пред се, без разлика на содржината на Платформата, многу е непринципиелно кога премиер на соседна, трета држава се меша преку учество во таа Платформа во внатрешно политичките работи на друга држава и тоа е спротивно на меѓународното право и на самите Декларации на ОН за почитување на суверенитетот на сите земји членки на ОН. Ние имавме пред две години една политичка криза во Македонија и е надвор од правилата на игра таа политичка криза некој да ја искористува и преточува во меѓуетничка криза за компензирање на одредени прашања кои можеби се приоритет за две, три партии, но не и за сите граѓани на Република Македонија. Тоа јасно го кажавме, ќе се обидеме да создадеме влада која ќе ја отсликува реалноста на гласачите преку нивната волја на изборите, смета Милошоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со јасен став дека императив претставува почитувањето на волјата на народот и со тоа формирањето на нова влада, но не по секоја цена.