Актуелниот претседател на УЕФА моментно е суспендиран поради сомнеж дека земал мито од Сеп Блатер во висина од неполни два милиони евра.
Од ФИФА појаснуваат дека кандидатурата на Платини би можела дополнително да биде прифатена по истекот на суспензијата, доколку биде утврдено дека Французинот не е виновен за сериозните обвинувања на негова адреса.
Покрај Мишел Платини, не беше прифатена ниту кандидатурата на Муса Хасан Билити од Либерија, па се очекува трката за прв човек на ФИФА да се води меѓу Принц Али Хусеин, Шеик Салман, Жером Шампањ, Џани Инфанитино и Токи Сексвејл.