![plenkovik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/plenkovik.jpg?resize=643%2C428&ssl=1)
Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ изјави дека за десетте години членство во Европската Унија Хрватска е во плус од 12 милијарди евра кога се гледа она што е уплатено за членството и она што е повлечено.
„Досега во европскиот буџет уплативме 5,2 милијарди евра, а повлековме 17,1 милијарда европски средства“, кажа Пленковиќ на конференција во Загреб посветена на иднината на кохезиската политика по 2027, пренесува агенцијата Хина.
Тој додаде дека Хрватска во моментов е на 14 место по искористеноста на средствата.
Премиерот, меѓутоа, истакна дека е погрешно како предност на членството да се истакнува само земањето пари, бидејќи тоа не е само „земање пари од богатите“, укажувајќи дека „ЕУ е пред сè заедница на правото, вредностите, заедница која е најразвиена во светот“.