Пленковиќ негативен на тестот за коронавирус

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е негативен на тестот за коронавирус, соопшено е денеска од неговиот кабинет.

Пленковиќ се тестираше на новиот коронавирус поради кашлица, со оглед на одговорната функција која ја извршува.

– Тој се тестираше на присутност на коронавирусот. Резултатот е негативен. Трошкот од тестирањето ќе го подмири лично, соопшти портпаролот на хрватската Влада, Марко Милиќ на официјалниот налог на Твитер.