![Rosen Plevneliev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/Rosen-Plevneliev.jpeg?resize=640%2C393&ssl=1)
РС Македонија не може да го реши проблемот со Бугарија ако не прифати европски вредности. Ако некое општество сè уште не е подготвено да ги прифати европските вредности – владеењето на правото, вистината на историјата, добрососедските односи, одрекувањето од говорот на омраза – не е подготвено ниту за членство во ЕУ. Крајно време е нашите пријатели во РС Македонија да се вооружат со разбирање дека од сега па натаму Тито, Сталин, штетните идеологии од минатото мора да останат во минатото, изјави во ексклузивното интервју за БГНЕС поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.
Учебниците во Северна Македонија велат дека Бугарите се фашисти, окупатори и Татари. Сè додека е така, сè додека немаме политичка волја да го прифатиме европскиот пристап и да работиме за добрососедство, ќе веруваме дека ова општество не е подготвено и не сака да биде подготвено да ги прифати европските вредности. Затоа, на Бугарија ќе и биде се потешко да се согласи да даде зелено светло.
Нема ништо поодвратно од фалсификување на историјата. Приказната е како што е, како што се случи и не може да се манипулира. Ние не го оспоруваме правото на РС Македонија да има држава, да има јазик и да ги нарекуваме како што сакаат. Уште како шеф на државата Бугарија, јас самиот реков илјадници пати: Бугарија не сака повеќе територија. Бугарија сака да паѓаат границите на Балканот, а не да се движат“, вели Плевнелиев.
Тој потсетува дека членството во НАТО е геополитика и затоа Бугарија рече „ДА“ за членството на РС Македонија.
– Бугарија не става вето, но Бугарија сака гаранции, затоа што еднаш потпишавме декларација за добрососедски односи во 1999 година. Мислевме дека тоа е гаранција за нас, но беше скршено од Скопје. Ние го потпишавме Договорот за добрососедство по втор пат во 2017 година и повторно верувавме дека ова е гаранција, но повторно работите не се случуваат. Решението е многу едноставно, Бугарија рече: не го предизвикуваме идентитетот, не го оспоруваме јазикот, не ја оспоруваме вашата државност, но сакаме гаранции дека ќе бидеме добри соседи, бидејќи добрососедството е вредност во ЕУ – вели Плевнелиев за БГНЕС.