Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Младата пливачка Миа Блажевска Еминова, на Олимпискиот квалификациски турнир во Белград, Србија, на 100 метри слободно постигна време од 57,13 секунди. На овој начин, таа се стекна со правото да ја претставува државата на Летните олимписки игри во Токио.

Како што информираат од Општина Карпош, со тоа остварено време, Блажевска Еминова, освои 741 Фина бодови, со што ќе може да биде пријавена за учество на најпрестижниот глобален спортски настан – Летните олимписки игри.

Миа Блажевска Еминова е жителка на општина Карпош. Има 15 години, но веќе 11 години професионално се занимава со пливање.

Од Општината ѝ го честитаат успехот и најавуваат финансиска поддршка како дополнителен мотив за претстојниот период.