ПМФЛ: Победи на Шкендија, Академија Пандев и Пелистер

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија со головите на Менсало во првото полувреме и Шала во второто, со 2:0 победи на гостувањето кај Скопје.

Митровски со гол во 90. минута донесе триумф на Академија Пандев од 2:1 кај Тиквеш. Претходно Велиновски уште во првата минута донесе водство за „пандевци“, а кавадаречкиот тим преку Нгоба во 54 минута израмни на 1:1.

Во 24-то коло Пелистер успеа да се израдува на првата победа. Тие ја совладаа Брегалница со 2:0, а головите ги постигнаа Љамчевски и Едгар.

Ренова со 2:1 го победи Работнички. Селмани и Шефити погодија за домаќините, Рушевиќ во финишот постигна само почесен гол за скопскиот тим.

Македонија Ѓорче Петров со гол на Атанаскоски уште во 5. минута го победи Борец со 1:0.

Вчера Шкупи со 3: победи на гостувањето кај Струга Трим Лум.

Резултати 24. коло:

Скопје – Шкендија 0:2

Тиквеш – Академија Пандев 1:2

Пелистер – Брегалница 2:0

Ренова – Работнички 2:1

Борец – Македонија ЃП 0:1

Струга ТЛ – Шкупи 1:3

Табела:

1. Шкупи 58

2. Академија Пандев 48

3. Шкендија 47

4. Македонија ЃП 43

5. Ренова 36

6. Брегалница 36

7. Работнички 31

8. Струга ТЛ 30

9. Скопје 22

10. Тиквеш 21

11. Борец 13

12. Пелистер 10