Шампионот Вардар ја постигна првата победа во новото првенство од Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево со убедливи 4:0 ја совлада Победа.
Деби триумф во Првата лига забележа и Академија Пандев, а третиот денешен дуел заврши нерешено.
Постигнати резултати на денеска одиграни средби од 2.коло во ПМФЛ:
Академија Пандев – Скопје 2:0,
Пелистер – Работнички 1:1 и
Вардар – Победа 4:0.
Вчера, Ренова – Силекс 0:3.
Колото ќе се комплетира утре со дуелот Шкупи – Шкендија.
На табелата лидер е Силекс со 6 бода, пред Академија Пандев и Пелистер кои имаат по 4.