Тетовско-гостиварскиот регион и денес бележи нови случаи со Ковид 19. Во општина Врапчиште е регистрирано едно новозаболено лице, додека во текот на изминатиот викенд имаше 9. Кризниот штаб денес одржува состанок на кој ќе ја разгледа состојбата. Бројката на активни случаи на подрачјето на општините Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше заклучно вчерашниот ден изнесуваше 28. Во Тетово, пак, бројките се поголеми. Само денес се регистрирани нови 9 случаи со Ковид 19, при што има нов кластер во општина Желино, со три новозаболени, додека 6 се од градот Тетово. Епидемиолозите апелираат граѓаните да не ги кријат симптомите туку да се јават навреме кај матичните лекари, за да не завршат со лоша клиничка слика.
Потенцијално ново жариште изминатиов период е општина Теарце, каде се регистрирано 35 случаи. Деновиве најголем број се во селото Теарце, а предходно имаше повеќе во селото Слатино.
Најмладиот пациент во тетовско со Ковид 19 од пред два дена е 4-месечно бебе, а заразено е и 4-годишно дете, откако нивните родители биле позитивни. Во овој регион се направени 200 теста во рамки на вонредниот скрининг кој се спроведува во соработка со матичните лекари, за октивање на местата кои претставуваат потенцијални жаришта и откривање на контакти, но се уште се чекаат резултатите.