Јужноафриканската варијанта на коронавирус е откриена во Полска, потврди денеска министерот за здравство Адам Ниџиелски кога неговото Министерство соопшти дека започнува трет бран на инфекцијата во земјата и дека има големо дневно зголемување на бројот на случаи.
– Заедно со британската варијанта, во земјата се појави и јужноафриканската – рече министерот на прес-конференција.
Како што објави „Гардијан“, Полска ублажи некои ограничувања, неодамна ги отвори скијачките центри, како и кината, хотелите и театрите со 50 отсто пополнетост, но властите предупредија дека овие мерки можеби ќе треба да се повлечат во зависност од ситуацијата со пандемијата.
Полска денеска пријави 8.777 нови случаи на коронавирус и 241 смртен случај.