
Турскиот министер за здравство Фахретин Коча во сабота изјави дека, по двата катастрофални земјотреси, на југот на земјата се родени 6.447 бебиња.
Секое родено дете е надеж“, рече Коча во Координативниот центар на Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) во Хатај, пренесува Анадолија.
Коча рече дека „непречено се обезбедуваат неопходни здравствени услуги за бебињата и нивните мајки“.
Тој наведе и дека досега над 51.150 пациенти и повредени се префрлени од погоденото подрачје од земјотресот во болниците во другите градови, а на терен моментално има 114 единици за итна медицинска помош и 25 мобилни болници.
Според последните податоци, на југот на Турција досега се регистрирани над 40.640 смртни случаи, а во Сирија најмалку 5.800.