По Џејмс и Дејвис, и Кари го откажа настапот на Олимпијадата

Откако ѕвездите на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис објавија дека нема да настапат за американската кошаркарска селекција на Олимписките игри во Токио, тоа го стои и двократниот најкорисен играч на НБА лигата и ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, 33-годишниот Стеф Кари.

„Ова беше тешка одлука, при што предвид ги земав моите години, како се чувствувам физички и психички по напорната и згусната сезона. Мене многу му значи одморот по НБА сезоната, сега сум со семејството, ужувам во голфот и сигурен сум дека донев исправно решение. На момците кои одат на Игрите во Токио им посакувам сѐ најдобо и да го освојат златниот медал“, изјави Кари кои е трипати шемпион на НБА лигата со Вориорс, во 2015, 2017 и 2018 година, но никогаш во кариерата не настапи на Олимписките игри.

Покрај Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Стивен Кари, во Токио нема да игра ниту ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс Каваи Леонард, кој во плеј-офот го повреди коленото.

Така, американскиот селектор Грег Попович, кој е тренер на Сан Антонио Спарс, повторно има проблеми со откажувањата на најдобрите американски кошаркари, што му се случи и на Светското првенство во 2019 година, кога САД беа само седмопласирани.

Пред неколку дена американската кошаркарска селекција изненадувачки беше поразена во Лас Вегас со 87:90 во поготителниот натпревар со Нигерија, за која настапуваат четворица играчи од НБА лигата. А на Олимписките игри во Лондон во 2016 година САД ја совладаа нигериската селекција со 156:73, што е највисоката разлика во историјата на кошраркарските турнири на Олимпијадите.

Во моментов Грег Попович на располагање има само девет кошаркари кои ќе одат во Токио: Бам Адебајо (Мајами Хитс), Бредли Бил (Вашингтон Визардс), Кевин Дјурант (Бруклин Нетс), Џереми Грант (Детроит Пистонс), Дрејмонд Грин (Голден Стејт Вориорс), Зак Лавин (Чикаго Булс), Демијан Лилард (Портланд Трејлблејзерс), Кевин Лав (Кливленд Кавалирс) и Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс).

Американскиот „Дрим тим“ се подготува во Лас Вегас и во пресрет на Олимпијадата треба да одигра уште пет натпревари, па со веќе деветте сигурни патници се наоѓаат и седумте резерви. По доигрувањето на финалето во НБА лигата, на селекцијата ќе ѝ се придружат и Девин Букер (Феникс Санс), Џру Холидеј (Милвоки Бакс) и Крис Мидлтон (Милвоки Бакс).