После официјалниот дел од вториот ден на Конгресот во Ротедрам имаше Европски самит на кој што беа претседателите на сестринските парии. Разговаравме околу актуелностите и предизвиците со кои се соочува европскиот континент, со кои се соочува Европската Народна партија, се разговараше за европските избори кои што следат во 2024 година, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вклучување во дневникот на телевизија Алфа.
-Зборувавме и за се потешката економска состојба во Европа, тука би се надоврзал и со она што се случува кај нас и неразумниот потег на владата да не го прифати предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на повластената даночна стапка околу прехранбените производи, нешто што е би рекол втора погрешна проценка од страна на владата мислејќи дека на тој начин они го одбиваат ВМРО-ДПМНЕ и покажува мускули врз ВМРО-ДПМНЕ, а не сфаќа дека на тој начин директно влијае врз стандардот на граѓаните и директно задира во џебовите на граѓаните, водејќи ваква би рекол помалку чудна и неразумна и неодговорна политика мислејќи дека се свети на ВМРО-ДПМНЕ, а така не гледа дека им се свети на граѓаните, рече тој.
Тој во Ротердам имал средба и со хрватскиот премиер и претседател на сестринската ХДЗ Андреј Пленковиќ, на која што разговарале за економските предизвици со кои се соочуваат двете држави.
-Разговарав на Самитот со неколкумина од присутните на таа вечера, денеска имав исто така има одлична средба со мојот драг пријател премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ и претседател на сестринската ХДЗ. Исто така разговаравме за економските предизвици со кои што се соочуваат нашите две држави, продлабочување на соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ И Хрватската Демократска заедница. Така што навистина имавме еден исклучително значаен конгрес на МВРО-ДПМНЕ, со кои уште еднаш покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ гради партнерски односи со нашите сестрински партии и со европските држави, нагласи Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека веднаш по формирање на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се интензивира соработката со земјите членки на Европската унија и сестринските партии за обезбедување на квалитетна иднина и добра перспектива.