Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук ја најави изградбата на пругата кон Бугарија. Но, за жал, ова не е прв пат да се највува нејзина изградба.
„Секој човек, секој од нас, може да има желба и амбиција, но кога сè има одлучност и визија за иднината тогаш доаѓа и успехот. Денеска го означуваме почетокот на изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8 низ Северна Македонија проект од национално, стратешко и меѓународно значање за нашата земја.
Свесен сум дека постои скептицизам, и знам зошто постои таа недоверба дека некогаш и ќе се случи ова. Јасен ми е сентиментот на граѓаните. Но одговорно тврдам дека единствената опција која ја имаме е да ги удвоиме напорите и напорно да работиме. И да го сработиме сето ова со нашите пријатели, со нашите соседи, со ЕУ. Имаме и опција да избереме да работиме и да одиме напред, да го избереме најдобриот пат, или во случајов најдобрата пруга кон европската иднина.
Денеска затоа велам дека рехабилитацијата и зафатите на Коридорот 8, железничката пруга која ја поврзува Република Северна Македонија со Република Бугарија стануваат реалност.
Ваквите капитални проекти, се проекти за идните генерации и со нив Северна
Македонија станува поврзана со европските железнички коридори“, напиша Ковачевски на ФБ.