Со повеќе настани и пригоди во САД се одбележува еден од најзначајните датуми во историјата на човештвото – пилотираниот лет на Месечината со вселенската мисија „Аполо-11“.
Синоќа во Хантсвил, во сојузната држава Алабама, се случи еден од главните настани, каде што истовремено полетаа пет илјади модели на ракети. Со ова, Вселенско-ракетниот центар на САД одбележа пет децении од лансирањето на летот на „Аполо-11“ на Месечината.
Во чест на јубилејниот датум реставриран е скафандерот во кој Нил Армстронг го направи првиот чекор. Парите за реставрација беа донирани на глобално ниво – половина милион долари беа собрани за пет дена.
Споменикот обелиск во Вашингтон синоќа светна со илустрација на 111 метри високиот шатл со ракетата „Сатурн-5“. Тродимензионалната проекција секоја вечер ќе се вклучува по два часа во чест на годишнината.
„На својот грб го чувствувавме товарот на целиот свет. Бевме свесни дека не гледаат сите – и пријатели и непријатели. Целата енергија беше насочена кон тоа да ја покажеме нашата најдобра страна. И за тоа потрошивме огромни сили“, рече космонаутот Мајкл Колинс за спроведувањето на првата мисија на Месечината.
Колинс управуваше со командиот модул „Колумбија“ и остана во орбитата додека неговите колеги, Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечината, и пилотот на лунарниот модул, Баз Олдрин, се спуштаа на површината на единствениот приреден сателит на Земјата.
Стартот на ракетата „Сатурн-5“ од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида ја лансираше мисијата која се случи на 20 јули 1969 година, кога за првпат луѓе слетаа на Месечината.
Историскиот настан беше емитуван на телевизија и следен од половина милион Американци и останати жители од 33 земји на шест континенти.
Од политичкиот врв на САД успехот на мисијата беше оценет како победа во вселенската трка со поранешниот идеолошки соперник, Советскиот Сојуз.