Викендов под покровителство на градоначалникот на општина Радовиш, Сашко Николов беше одржан јубилејниот 15-ти по ред Меѓународен фолклорен детски фестивал ,,Оро весело“.
Овој фестивал се организира по повод патронот на градот празникот „Св. Троица“. Успешната организација се должи на долгогодишното искуство и работа на ФА,,Бучим,, кој ова година успеаа да организираат настап на 20 ансамбли од сите региони на Република Македонија како и два ансамбли од Р.Бугарија од Кресна и Струмјани.
Главниот настап беше на плоштадот, а нему му претходеше дефиле и посета на храмот „Света Троица“.
Претставници на фолклорните ансамбли имаа прием кај Градоначалникот Сашко Николов каде им беа дадени пригодни подароци.
Ова фолклорна манифестација станува препознатлив културен белег на општина Радовиш.