На 09.08.2022 во 00.10 часот полициските службеници од ОВР-Гостивар во Вруток, гостиварско, го лишиле од слобода Ф.В. (62) од Вруток, кај кого по наредба од судија во претходна постапка во времето од 00.10 до 00.45 часот бил извршен претрес, при што биле пронајдени девет ќесиња со марихуана и една дигитална вага.
По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.