По седум дена најдени седум преживеани од исчезнатиот траект на Кирибати

Седум преживеани од траектот кој пред една седмица исчезна на Пацификот ги пронашол во неделата воен авион како на плутаат на површината на отворено море во мал чамец, соопшти новозеландската морнарица.

Седумнаесет метри долгиот брод со 50 патници и членови на екипажот исчезна на 20-ти јануари, два дена откако од островот Нанути отпловил кон 250 километри оддалеченото пристаниште Бетио на Кирибати.

Преживеаните ги забележал новозеландски воен авион и им спуштил храна, вода и радио уред. Кон нив потоа се упатил рибарски брод кој треба да ги собере во неделата во попладневните часови.

Во меѓувреме продолжува потрагата по исчезнатиот траект, во форма на древниот локален чамец катамаран, кој пред последното испловување бил извлечен на брегот поради поправка на пропелер на островот Нанути.