Министерството за одбрана на Германија, по низата критики, одлучи да не ги вклучи офицерите на Вермахтот, од кои некои биле припадници на Националсоцијалистичката партија на Адолф Хитлер и на озлогласените СС единици, на листата воени херои, изјави во средата портпаролот Арне Колац.
„Повторно ја разгледавме формулацијата и ги повлековме. Дополненијата се повлечени“, изјави на брифингот портпаролот на германското Министерството за одбрана.
Според Колац, одлуката е донесена затоа што проширената листа го доведува во прашање принципот наведен во „Уредбата за традиции“, според којашто германската армија Бундесверот се залага за демократско и општество во коешто владее правото. Листата предложени офицери е отповикана во целост, вклучтилено и сите 40.000 воени лица кои служеле во нацистичка Германија, додаде.
„Секогаш треба да биде јасно дека традицијата е средиштето на културата на сеќавањето“, додаде Калац и истакна дека Вермахтот не треба да има никаква поврзаност со таа традиција.
Во понеделникот германските медиуми објавија дека германското Министерство за одбрана има намера да ја прошири „Уредбата за традиции“ од 2018 година, која ја регулира „културата на сеќавањето“ во германските вооружени сили. Според медиумите, почетниот список Бундесверот одлучил да ја дополни листата на офицерите кои ќе се чествуваат по барање на актуелниот министер за одбрана Борис Пистериус за подигнување на „борбената готовност“ и моралот на вооружените сили во заднината на војната во Украина.
Медиумите особено истакнаа дека на списокот има личности како што се нацистичкиот пилот-ас Ерих Хартман, кој бил припадник и на СС единиците и на нацистичката партија на Адолф Хитлер, како и уште 22 „личности кои ја одржуваат традицијата“. Портпаролот Колац во понеделникот потврди дека во листата се вклучени нацисти, но тогаш појасни дека ним требало да им биде оддадена почест за нивните повоени заслуги.
„Челникот на одделот (во војската), осврнувајќи се на современите дискусии за борбената готовност, одбранбената способност и соодветноста за извршување воена служба, го разгледа прашањето како тоа може да биде вклучено во указот за традицијата за војниците во Бундесверот“, рече Колац на прес-конференцијата во понеделникот.
Тогаш потврди дека покрај припадниците на отпорот кон нацистичкиот режим во Германија, ќе се одбележува и споменот на некои членови на Вермахтот, кои по падот на Третиот Рајх „учествуваа во градењето на новата германска армија и отворено се дистанцираа од своето минато“.
И покрај тоа што тие личности се познати по нивната улога во нацистичка Германија, Колац тврдеше дека „во прв ред тие се чествуваат поради (нивните) повоени заслуги“.
„Тука е важно да нагласам дека указот за традицијата не е однесува на воените заслуги, туку дека ако сакате да изградите една нова армија, тогаш одредена вештина во рамките на лидерското поведение, исто така, игра улога“, изјави портпаролот на армијата.
Уште во февруари годинава весникот Bild, повикувајќи се историски документи, објави дека дедото на актуелната германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок, Валдемар Бербок, бил жесток нацист и офицер на Вермахтот. Според весникот, тој ја читал книгата „Мај кампф“ на Адолф Хитлер и целосно го поддржувал нацистичкиот режи, за што во 1994 година бил одликуван со хитлеровскиот орден „За воени заслуги“.
Во јуни, пак, магазинот Bunte објави истражување според кое двајца роднини на германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек, служеле како офицери во нацистичка Германија. Станува збор за неговите дедо и прадедо кој бил осуден како воен злосторник и припадник на СС трупите од поблиското опкружување на нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс.