По судењето со Џони Деп: Два милиони луѓе бараат екс-сопругата Амбер Херд да се исфрли од новиот „Аквамен“

Додека трае судењето меѓу холивудските актери Џони Деп и поранешната сопруга Амбер Херд во јавноста излегуваат нови детали за нивниот однос.

Многумина почнаа поради тоа да се сомневаат во вистинитоста на тврдењето на Амбер дека бил физички и психички злоставувана од страна на поранешниот сопруг Џони Деп. Најверните обожаватели на „Пиратите од Карибите“ никогаш не се посомневаа во миленикот, а судскиот процес ги поттикна да започнат петиција со која сакаат Амбер да биде отстранета од продолжението на филмот „Аквамен“.

Премиерата е планирана за следната година, но се уште не е сигурно дали Амбер ќе успее да ја задржи главната женска улога.

За потсетување, по првите обвинувања на Амбер кариерата на Џони бележи пад.

-Мажите се жртви на семејно насилство, баш како и жените. Тоа мора да се препознае и да се преземат мерки за славниот насилсник да не се прослави во индустријата на забава. Направете ја вистинската работа, тргнете ја Амбер Херд од Аквамен 2, се наведува во петицијата на која досега се потпишани два милиони луѓе.