![4539](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/4539.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Британскиот пилот Луис Хамилтон по четврти пат во кариерата славеше на трка од светското првенство во класата Формула 1 за Големата награда на Белгија возената во неделата на патеката Спа Франкошам, што му е вкупно 89 победа во кариерата и сега само две победи го делат од рекордерот Германецот Михаел Шумахер.
Второто место во Белигија го освои клупскиот колега на Хамилтон од тимот на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас кој заостана за 8.448 секунди, а трет беше Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул со заостанување од 15.455 секунди.
Хамилтон водеше од почетокот до крајот на трката и во ниеден момент не им дозволи на противниците да му се заканат. Конкурентите му се приближија само откако во 11 круг на патеката излезе безбедното возилот, поради сударот во кој учествуваа Антонио Џованези од Алфа Ромео и Џорџ Расел од Вилијамс.
Италијанецот ја загуби контролата врз својот болид и заврши во ѕидот а Расел го погоди гумата која се одвои од возилот на Џованезе. За среќа, и двајцата останаа неповредени во инцидентот.
Хамилтон во завршницата на трката имаше мало оштетување на заедниот дел од својот болид, но тоа не го забави. Лесно ја задржа предноста и дојде до петтата победа сезонава.
Најголеми губитници се двата возача на Ферари, кои останаа без бодови. Себастијан Фетал заврши на 13-то место, а Шарл Леклер од Монако една позиција зад Германецот.
Во генералниот редослед кај возачите Хамилтон по седум трки има 157 бодови, 47 повеќе од второпласираниот Верстапен. Третиот Ботас има 107 бодови.
По една седмица се вози трката на патеката во Монца, каде што на 6-ти септември на распоредот е трката за Големата награда на Италија.