Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во неделата објави дека го поддржува сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ и ги повикува граѓаните да учествуваат масовно, гласно и достоинствено и на денешниот собир закажан за 19 часот , а најверојатно ќе ги повика своите приврзаници на постојан протест пред пред платото на Владата, дознава НетПресс.
„Побројни и помотивирани да продолжиме да го изразуваме нашиот став против уцени и диктати кои оваа влада е подготвена да ги прифати и на тој начин да го асимилира сопствениот народ и да предизвика трајна штета на националните и државните интереси. Се работи за одбрана на Македонија и обврска на сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, што помасовно да се вклучат во овие народни протести. ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на достоинственото и мирно право на протест на Македонските граѓани во одбрана на идентитетот и против асимилацијата, но во исто време како партија ја разгледуваме опцијата овие протести да се продолжат со останување пред Владата“, стои во денешното партиско соопштение.
Најавата доаѓа непосредно пред одржувањето на ткн лидерска средба во неделаа со почетокот од 15 часто во Клуб на пратеници, по барање на премиерот Димитар Ковачевски.
На масовниот протестот во организација на ВМРО-ДПМНЕ од-ти18 јуни, Мицкоски рече дека со Ковачевски би се сретнал само за од него да побара да се оддржат предвремени парламентарни избори, така што, се очекува тоа да биде позицијата на Мицкоски денеска.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во саботата придружуван од партиското водство и бројни симпатизери беше присутен на сенародниот непартиски протест пред Владата на кој споед процените присуствуваа повеќе од 50.000 граѓани, а пред собирот за медиумите изјави дека „не е можно да не се послушаат барањата на толкав број граѓани кои кажуваат ‘Не’ на ултуматумот од Бугарија и ЕУ“.
„Вчера граѓаните масовно јасно и гласно кажаа НЕ БЛАГОДАРАМ на ултиматуми и диктати содржани во Предлогот кој Владата на Ковачевски и Османи го прифати. Граѓаните се противат на легализацијата на асимилацијата на Македонскиот народ, понижувањата и идентитетските обезличувања кои е подготвена да ги направи оваа Влада. И народот и експертската јавност се уверени дека Владата лаже. Овој договор е истиот кој наводно пред една недела Ковачевски го одби. Со овој Предлог со пропратен документ македонскиот јазик се опишува како западно бугарски дијалект. Со предлог рамката, чиј составен дел се годишните извештаи се опфатени историските прашања, а со тоа и негаторските барања на Софија“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ден пред првиот протест.