Победа

парламентарни избори се добиваат сега – после ќе биде предоцна

Не сум некој акл, секој цреп си наоѓа да ми соли памет ама за секоја тема, но си знаеме, луѓето не можат да писнат каде треба и мора, па кај бурекџијата – моа, најлесно е да се докажува менталната препотенција, пошто сексуалната ја лечат со лекови за алцхајмер – вијагра.

Како и да е има неколколку клучни мигови каде сите овие шиљокурани од кои добар дел и беа и кај мене, сакајќи да се наметнат кај своите претпоставени, со разни анализи кои од Предејане подалку не успеваат да преминат… добро де, до Белград и толку. Ништо не ми значи кога и колку сум бил во право, бидеејки егото ми е минимизирано, а јас не се носам со рационална мисла, повеќе се потпирам на инстиктот, да од куп полуниформации извлечам правилен заклучок. Факт до денес ми е средбата со анонимните претствници од масонската ложа кои побараа средба со мене, пред, цирка 15 години. Нејсе… Она што ми е драго што добриот филинг кој го имав кое и колку е значењето за победата на ВМРО на локалните и што по неа. (сакате детали за неа? Не, секако.)

Луѓето не сакаат вистина, сакаат да се во право.

Во предвечерјето на инфлација, девалвација, повисоки цени на струја и низа поскапувања и рестрикции кои не’ очекуваат оваа зима, рекацијата на партијата дава за право да заклучам дека одлично ја тера работата, засега. Имено, се’ што беше критикувана наназад за недостаток на радикализација или екстремни мерки, покажува дека народот ниту сака, ниту е спремен, но им даде шанса преку менаџирање да се докажат – им дадоа џокер за победа и преземање на власта, но само ако се докажат локално.

Не е чудно, туку одлично што лидерот Мицкоски секојдневно е на терен со градоначалниците, со поддршка, програми за поголемо исправање на локалните неправди, да даде логистика колку може во оваа (утепана) финансиска состојба каде партијата е на стаклени нозе, бидеејќи не смее фирма да се рекламира на проопозциски медиуми, за да не си има УЈП на врат и партиски рекет. Страшен е тој притисок.

Со овие акции на локално ниво, кои не се само популистички туку мерки кои на подолг рок системски решаваат сериозни локални проблеми и акциите кои во моментов се на терен небаре изборите да ќе бидат во јануари… мислам на локални. Но ВМРО нема избор, Мицкоски мора да докаже дека нивните градочаналници сериозно прават промена, и ако им успее сега, кога нема да имаат ниакаква поддршка од централната власт, напротив, тогаш секој нивни успех ќе биде множен двојно од страна на нарподот. А народот знае, ем малку ќе се охрабри повеќе онаа клика која беше воздржана на изборите, и која чекаше како ќе еруптира незадоволството во СДСМ, а тоа е се’ поголемо, а власта им е на стаклени нозе, но најбитно дали новиве ги бива, а како почнаа ми е страв да не урочам.

Затоа секоја исчистена депонија, даден имотен лист, решение за денационализација, решавање на проблеми кои без врска биле држени во фиока, а можеле да се решат без трошок, тоа повеќето од луѓето ќе го наградат на парламентарните. Вториот е што Николоски се з’гна у „змајевом гнезду“ да оди и лобира меѓу странците и тоа кај оние кои имаат најголем антагонизам и кон Македонија и македонските партии… и тоа е еднистван и најнеопходен начин, друго нема.

Протести наназад со децении покажаа дека не носат скоро ништо освен ако не фрлате со шарени кондоми и шатори пред влада, но се’ тоа не заборавајте е направено со стотици милиони долари фрлени токму и само за тоа, таков патриотски волонтеризам има само со лајкови на ФБ и толку. Токму оние кои повикуваат на протест – први остануваат дома.

За повиците да напуштат Собрание, јас, мое мислење, сум против, паметам кога Љубчо се повлече од парламентот и ги остави СДСМ сами да прават што сакаат. Тоа се тие две години кога се изврши најголемиот грабеж – законски и со огромна заслуга на бугарчето ни лавовско, кое ги амнестираше и им даде „кард бланш“, затоа, колку и да е лошо и нема шанси за ништо освен онаа парламентарна сала. Бидете таму и мавајте ги со секоја реплика.

Треба малку да чукнат тоа лејката партиските дронови кои како зембиљи празни гледаа како теле у шарена врата кога Данела доби организиран напад на една класична диверзија со сообраќајот. Не бидете црепови делувајте, Данела не е вмровска, но и тоа како е корисна за опизицијата и секоја медиумска подршка е битна повеќе за ВМРО одошто за неа, оти другиве кешираат прилично добро за да го прават тоа што го прават.

Секој багер у секоја општина каде победија да грга 12 часа на ден да копа, расчистува, има милион прокети кои ќе остават силен впечаток, а нема да чини многу, да не им лепат ручињата за провизии, оти голема беља ќе направат. Затоа Мицкоски е на терен оти знае дека победата и преземањето на власта ќе дојде преку резултатите на општините каде победија. И треба да им дише во врат, да не им текне да направат недозволива зделка, па макар општината банкротирала – народот не смее да биде изневерен, нема поправен после ова.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес