Во Галиција и Баскија, двете автономни покраини на северот од Шпанија, во неделата се одржаа регионалните избори на коишто најголем број гласови повторно освоија конзерватиците, додека второто место го заземаа левите партии кои заговараат независност.
Неделните избори беа првите во Шпанија од прогласувањето на вонедната состојба во март поради епидемијата на коронавирусот, која траеше речеиси 100 дена.
Граѓаните кои беа заразени со вирисот не смееја да гласаат на ниеден начин. Одѕивот во Галиција беше 59 отсто, а во Баскија 53 отсто од вкупниот број избирачи.
Во Галиција, која има 2,7 милиони жители, конзервативната Народна партија (PP) доби 42 пратеници во парламентот со 75 мандати, па ќе продолжи да управува со оваа покраина позната по рибарството. Конзервативците во оваа покраина се на власте веќе десет години, а премиерот на покраинската влада Алберто Нуњез Феихо ќе остане на должноста и следните четири години, бидејќи неговата партија доби доволно места самостојно да состави влада. Народната партија, инаку, е најголемата опозициска партија на ниво на цела Шпанија.
Левичарскиот Галциски национален блок (BNG), кој заговара референдум за самостојност и отцепување на Галиција од Шпанија, го зазема второто место со 19 мандати. Ова е најдобар изборен резултата за BNG од основањето на партијата во 1982 година. Досега најмногу мандати имаше освоено во 1997 година, кога имаше 18 пратеници.
Социјалистичката партија PSOE на шпанскиот премиер Педро Санчез, го зазема само третото место со 14 освоени мандати, иако анкетите ѝ го предвидуваа второто место.
Во Баскија, една од најразвиените покраини благодарејќи на високата технолгоија и индустријата, каде што живееат 2,2 милино жители, победи конзервативната Баскиска национална партија (PNV) на регионалниот премиер Инаки Уркулу. Тој на власт е од 2012 година а за да продолжи да управува со покраината во следните четири години ќе му биде потребна поддршката од некои од другите партии бедејќи освои 31 од 75-те мандати во парламентот. За апсолутно мнозинство му недостигаат уште осум пратеници.
PNV е умерена партија којашто се залага за поголема автономија на Баскија, ја поддржува идејата за референдум за незавиност но не инсистира на него. Во изминатитеи четири години имаше малцинска влада која ја поддржуваше PSOE, па веријатно повторно ќе ја побара поддршката на социјалистите имајќи предвид дека тие го заземаа третото место со 10 мандати.
Партијата EH Bildu, која е жесток поборник на референдумот и отцепувањето на Баскија од Шпанија, го зазема второто место со 22 мандати, пет повеќе од минатите избори, па се во моментов најголемата опозициска партија. EH Bildu е партија од левицата и идеолошки се разликува од конзервативната PNV.
Баскија и Галиција се две од 17-те автономни покраини во Шпанија чиј Уставен суд не дозволува референдуми за потполна независност во покраинните, туку на целата територија, повикувајќи се на Уставот од 1978 година кога децениите воена диктатура беше воведена демократијата.
Голем губитник на изборите во двете покраини е левата партија Заедно Можеме (Unidas Podemos), настаната со спојување на левичарските групации, и која е на власт во Шпанија заедно со мнозинските социјалисти, бидејчи остана без ниеден пратеник во Баскија, додека во Галиција од досегашните 11 падна на 6 пратеници.