Фудбалерите на Монако со победа го започнаа новото француско првенство откако во саботата славеа кај Нант со 3:1, додека најинтересниот дуел од пrвото коло го одигра новиот прволигаш Нимс кој славеше на гости кај Анжер со 4:3.
Во Нант сите голови беа постигнати во второто полувреме, кога отпорот на домашните го скршија Рони Лопез во 69, Јоветиќ во 80 и Фалкао во 83 минута. Почесниот гол за домашните го постигна Сала во втората минута од судиското продолжение.
Во Анжер домашните водеа до 76 минута со 3:1, за потоа фудбалерите на Нимс за само 12 минути да постигнат три гола и да дојдат до победата. Стрелци за домашните беа Капел во 33, Фулгини во 51 и Траоре во 55 минута, а гостите први дојдоа во водство во 4 минута преку Тибo, а потоа Депре во 76 и 88 минута беше стрелец а во 85-та се запиша и Рипар.
Ница беше дома поразена со 0:1 од Ремс, за кој стрелец уште во втората минута од дуелот беше Думбиа.
Сен-Етјен со головите на Казри во 45 и Диону во 80 минута го победи Гингамп за кој стрелец беше Турам во 56 минута од пенал.
Лил брзо го анулираше водството на гостите од Ренс кое дојде преку Грение во 43 минута, со голот на Мотиба две минути подоцна, а потоа победата од 3:1 во второто полувреме му ја донесоа Пепе во 54 и Бамба во 68 минута.
Монпелје иако поведе веќе во 5 минута преку Педро Мендез пред своите гледачи беше пораен од Дижон за кој стрелци беа Таварез во 51 и Кулибали во првата минута од судиското продолжение.