На натпреварот од првото коло одигран во петокот вечерта во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, беа подобри од белградски Партизан со 92-89, по четвртини 26:25, 16:23, 21:19 и 29:22.
Репрезентативниот македонски тандем Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски беа носители на играта на МЗТ Скопје. Стојановски покрај 25 поени имаше и пет скокови и четири асистенции, додека Трајковски средбата ја заврши со дабл-дабл ефект од 20 поени и 14 скокови. Од странците во редовите на „металците“ со својата игра се истакна Ерик Гарсија со 17 поени и девет скокови.
Веќе во вторник (3 октомври) МЗТ Скопје ќе го одигра и вториот меч во кој ќе гостува кај ФМП тим, кој пак денеска, во првиот меч од новата сезона, загуби од Цедевита со 74-67.
Во останатите натпревари од 1.коло на АБА лигата ќе играат: Будуќност – Задар (сабота), Мега Бемакс – Цибона и Црвена звезда – Морнар (недела) и Петрол Олимпија – Цедевита (понеделник).