
Во последните натпревари од 14-то коло на англиското фудбалско првенство Челзи на својот „Стенфорд Бриџ“ го победи Вест Хем со 3:0, додека Барнили со 2:1 беше подобар од Вулверхемптон.
Челзи оствари лесна и убедлива победа со голот на Тиаго Силва во 10 и двата брзи погодока на Теми Абрахам во 78 и 80 минута.
Ова беше првата победа на лондонските „Сини“ во последните четири меча во сите натпреварувања со коишто дојде на петтото место со 25 бодови, колку што има и шестиот голем градски ривал Тотенхем. Вест Хем е 10-ти со 21 бод.
На табелата води Ливепрул со 31 бод, а го следат Лестер со 27 бодови, и Манчестер Јунајтед и Евертон со по 26 бодови, со тоа што „Црвените ѓаволи“ имаат натпревар помалку.
Во понеделникот, исто така, Барнли како домаќин со 2:1 го победи Вулверхемптон и се извлече од зоната на испаѓање. Стрелци за домашните беа Ешли Барнс во 35 и Крис Вуд во 51 минута, а за гостите пенал реализираше Фабио Силва во 89 минута. Со овој погодок, младиот Португалец стана најмладиот стрелец во историјата на Вулвехемптон во Премиер лигата, а голот го постигна со 18 гподини и 155 дена.
Барнли со еден заостанат натпревар моментачно е на 16-то месо со 13 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање. Вулверхемптон, пак, со овој пораз остана на 20 бодови и влезе во долната половина на табелата, на 11-то место.