Победи на Лил и Монпелје

Во двата саботни натпревара од осмото коло на француското фудбалско првенство Монпелје и Лил постигнаа идентични домашни победи од 2:1 над Стразбур односно Тулуз.

Во Лил стрелци за домашните беа Жонатан Давид во 5 и Адам Унас во 53 минута, додека гостите од Тулуз успеаја да возврат само во 48 минута кога израмни Фарес Шеиби. Лил моментално е на шестото место со 13 бодови, а Тулуз е 12-ти со осум бодови.

Монпелје во петтата минута од судиското продолжение на мечот, преку пеналот што го реализираше Тежи Теди Савание успеа да ги освои трите бода во дуелот со Стразбур. Домашните поведоа рано во 17 минута преку Арно Норден а гостите во 85 минута израмнија преку Абиб Диало. Монпелје е седми со 12 бодови, а Стразбур е во зоната на испаѓање 17-ти со пет бодови.

На врвот се бранителот на титулата Пари Сен Жермен, Марсеј и Лориен со по 19 бодови, но последниот тим има меч повеќе. Четвртиот Ланс од седум кола има 17 бодови.

На дното се Брест и Анжер со по пет бодови, а последен и по ова коло без разлика на резултатот ќе остане Ајачо кој има само еден бод.

Во недела се играат мечевите: Ремс – Монако, Марсеј – Рен, Брест – Ајачо, Нива – Анже, Клермон – Троа, Нант – Ланс и Лион – ПСЖ.