Серија А: Гостински победи на Емполи и Сасуоло

Torino’s Antonio Sanabria and Sassuolo’s Andrea Consigli in action during the italian Serie A soccer match Torino FC vs US Sassulo Calcio at the Olimpico Grande Torino stadium in Turin, Italy, 17 september 2022 ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Сасуоло во последниот натпревар од саботната програма на седмото коло на италијанското првенство како гости го совладаа Торино.

Единствениот погодок на мечот во Торино го постигна Аугистин Алварез во третата минута од судиското продолжение на мечот. Со оваа победа Сасуоло ми се доближи на само бод на Торино, кој остана на 10 бодови и е на 9-то место, едно над денешниот ривал.

Минимална гостинска победа во саботата оствари и Емполи кај Болоња, а стрелец на решавачкиот гол беше Филопо Бандинели во 75 минута. Така Емполи моментално дојде на 13-то место со седум бодови, а Болоња остана 16-та со шест бодови.

Специја со пресврт на домашен терен успеа да го победи со 2:1 тимот на Сампдорија. Гостите од Џенова поведоа во 11 минута преку Абделхамид Сабиру, но веќе во следниот напад неговиот соиграч Жеисон Муриљо ја погоди сопствената мрежа за израмнување. Победата на домашните им ја донесе М’Бала Нѕола во 72 минута. Специја моментално е 11-та со осум бодови, а Сампдорија е претпоследна 19-та со само два бода, па на Џенова по ланското испаѓање од елитното натпреварување ѝ се заканува на крајот од сезонава да остане без ниеден прволигаш.

Претходно во петокот Лече оствари гостинска победа од 2:1 кај Салернитана, а сите три погодока беа дело на гостинските играчи. Асан Каесај ги доведе гостите во водство во 43, Жоан Гонзалес го удвои со автогол во 55 а конечниот резултат го постави Габриел Стрефаца во 83 минута. Салернитана остана на 12-то место со седум бодови, а за Лече ова беше првата победа воопшто сезонава и со шест бодови моментално е 15-то,

Во недела на распоредот се мечевите Удинезе – Интер, Кремонеза – Лацио, Фиорентина – Верона, Монца – Јувентус, и двата дерби дуела Рома – Аталанта и Милан – Наполи.

Наполи моментално е во водство со 14 бодови, колку што имаат и Аталанта и Милан, но со послаба гол разлика, а Рома е петта со само бод помалку.