Победи на Ливерпул и Арсенал

Во преостанатит два натпреваа од 24-то коло на англиската Премиер лига, Ливерпул како домаќин со 2:0 го совлада Лестер, а Арсенал со 1:0 славеше на гостувањето кај Вулверхемптон.

Португалецот Диого Жота е заслужен што Ливерпул му се приближи на водечкиот Манчестер Сити на девет бодови заостанување со меч помлаку. Со својот 16-ти и 17-ти погодок сезонава во Премиер лигата му донесе победа на својот тима, а голманот на Лестер Сити, Каспер Шмајкл го совлада во 34 и 86 минута.

Ливепрул истовремено на четири бодови со меч помалку ја зголеми разликата од третопласираниот Челзи. Лестер остана 12-ти на табелата со 26 бодови, девет повеќе од зоната на испаѓање.

Арсенал го постигна победничкиот погодок во 25 минута а стрелец беше Габриел. Вулверхемптон од 69 минута имаше играч повеќе, откако беше исклучен Габриел Мартинели, но не успеаја да го избегнат осмиот првенствен пораз сезонава.

Арсенал бодовно, со 39 бодови, се израмни со Манчестер Јунајтед но поради подобрата гол разлика ја држи петтата позиција, последната која директно води во европските купови. Лондонските „Топчиите“ имаат два меча помалку од Вест Хем кој има 40 бодови и е четврти односно оди директно во Лигата на шампионите, додека манчестерските „Црвени ѓаволи“ имаат одиграни 23 кола.