Победи на ПСЖ и Монако, нов кикс на Лион

Актуелниот француски фудбалски првак Пари Сен Жермен се врати на победничкиоот колосекк откако во средбата од осмото коло на гостувањето го совлада Бордо со 1:0.

ПСЖ во минатото коло на домашен терен сезнационално загуби од Ремс со 0:2, но против Бордо не дозволи ново изненадување. Иако „Светците“ повторно пружија слаба партија, повторно стрлец на решавачкиот погодок беше Нејмар, во 70 минута на асистенција од Килиан М’бапе кој се врати во тимот по закрепнувањето од повредата. М’бапе влезе во игра во 60 минута и десет минути подоцна му асистираше на Браилецот.

Фудбалерите на Лион повторно киксираа, овојпат на свој терен загубија од Нант со 0:1, и тоа благодарејќи на автоголот на бекот Фернандо Марсал во 59 минута, Лион првенството го започна со две победи, а потоа во шест кола запиша три пораза и три ремија и падна на 11-то место.

Монако го победи брес со 4:1 и врза две победи со кои побегна од опасната зона. Головите за тимот од Кнежевството ги постигнаа Бен Једер во 26, Слимани во 62 од пенал, Желсон Мартенс во 73 и Балде во 90 минута, додека за гостите во 77минута погоди Менди.

На табелата води ПСЖ со 18 бодови, Анжер и Натн имаа по 16 бодови, а Лил е четврти со 14 бодови.

Резулати сабота: Лион – Нант 0:1, Бордо – ПСЖ 0:1, Ница – Лил 1:1, Анже – Амиенс 1:1, Монако – Брест 4:1, Мец – Тулуз 2:2 и Ремс – Дижон 1:2.

Во недела играат Стразбур – Монпелје, Нимс – Сент Етјен и Марсеј- Рен.