Фудбалерите на Лацио и Рома забележаа победи во 13-то коло од италијанската Серија А, па моментално се искачија на третото и четвртото место.
Рома на домашен терен со 3:0 ја надигра Бреша, а сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Крис Смалинг го отвори резултатот во 50 минута, по осим минути зголеми Џанлука Манчини а конечниот резултат го постави Един Џеко во 67 минута.
Рома е четврта со 25 бодови десет помалку од водечкиот Јувентус, односно девет зад второпласираниот Интер. Бреша и натаму е последна на табелата 20-та со само седум бодови.
Лацио со погодокот на Фелипе Каиседо во првата минута од судиското продолжени ги освои трите бода на гостувањето кај Сасуоло. Гостите поведоа во 35 минута со голот на Чиро Имобиле, а за домашните израмни на самиот почеток од второто полувреме Франческо Капуто.
Лацио е трет со 27 бодови, а Сасуоло со 13 бодови е 14-ти.
Верона ја порази дома Фиорентина со 1:0, а стрелец на победничкиот погодок беше Самуел Ди Кармине. Верона сега е деветта со 18 бодови, а Фиорентина е десетта со 16 бодови.
Фудбалерите на Болоња во последните секунди од дуелот со Парма го постигнаа израмнувачкиот погодок за 2:2 и освоија еден бод во првиот натпревар во неделата. Парма претходно двапати водеше, со головите на Македоноцет кој настапува за шведската репрезентација Дејан Кулушевски во 17 минута и на Симоне Хакопони во 72 минута, а домашните израмнуваа во 41 минута преку Родриго Паласио и Блерим Џемаили во првата минута од судиското продолжение.
Болоња е 15-та со 13 бодови, додека Парма е осма со 18 бодови.
Подоцна во недела играат Сампдорија – Удинеза и Лече – Калјари, а во понелник играат СПАЛ – Џенова.