Американскиот актер Том Сајзмор, познат по улогите во „Спасување на војникот Рајан“ и „Блек Хок“, почина на 61-годишна возраст, потврди неговиот менаџер.
Сајзмор се прослави во 1990-те години, толкувајќи главно споредни улоги на жестоки момчиња, војници, полицајци или криминалци и имаше забележителни ролји во бројни филмови.
Сајзмор имал и сериозен проблем со дрогата, а беше осуден на затвор за семејно насилство.
Медиумите објавија дека тој на 18-ти февруари доживеал мозочно крварење предизвикано од аневризма и оттогаш е во кома.
Неговиот менаџер Чарлс Лаго изјави за новинарите дека Сајзмор починал во петокот во болница во Бурбенк, Калифорнија, додека неговиот брат Пол и 17-годишните синови близнаци Џејден и Џегер биле крај него.
Сајзмор беше номиниран за Златен глобус за неговиот портрет на мафијаш во ТВ-филмот Witness Protection од 1999 година и го даде гласот на мафијашкиот шеф Сони Форели во филмот Vice City од 2002 година.