Бебето кое се роди во саботата, а чиј татко загина во тешката сообраќајна несреќа кај трговскиот центар Мавровка, починало во понеделникот, објави порталот Плусинфо.
Од Клиниката за гинекологија и акушерство ја потврдиле информацијата, но не дале повеќе деталји поради специфичноста на случајот.
Трагичната несреќа се случи кога автомобилот на Блаже Илиев, која ја носел својата бремена сопруга кон Гинекологија, возејќи со вклучени светла преминал на црвено светло и се судрил со две други возила. Во несреќата загина Илиев, а седумина беа повредени, меѓу кои и пешаци.