Почина доктор од Тетово, од компликации предизвикани од Covid-19

Почина радиологот во тетовската клиничка болница. д-р Владимир Ефтимовски. Тој почина на 50 годишна возраст, а според информациите на неговите колеги поради компликации од Ковид-19.

„За кратко време ја изгуби битката со болеста. Се соочил со симптоми во понеделникот, а наредниот ден бил позитивен. Поради влошена состојба бил примен на болничко лекување на Инфективната клиника во Скопје и почина во саботата. Имаше неколку хронични болести, како срцева слабост и ХОБС, брифираат неговите колеги кои на социјалните мрежи ја објавија веста изразувајќи неверување и тага.

Доктор Ефтимоски работел 20-тина години во јавното здравство. Оженет и татко на две деца.