![soobrakajka doktor neskovski 2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/soobrakajka-doktor-neskovski-2.png?resize=685%2C395&ssl=1)
Трајче Нешковски, 32-годишниот пулмолог, почина попладне откако удри во дрво на Рузвелтова во Скопје, откако му се слошило и изгубил контрола врз возилото, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК
По сообраќајката бил пренесен во Ургентен со Брза помош, но не успеала реанимацијата.
„Пациентот почина по час и пол реанимација. Телото е предадено на Судска медицина за да се утврди точната причина за смртта. Станува збор за наш млад колега-специјализант, кој ја водеше ковид-единицата во детската болница Козле, а денеска беше на должност на Инфективната клиника. Нашите индиции се дека нешто му се случило“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК д-р Маја Мојсова, раководител на КАРИЛ.