Почина еден од осудените за милионскиот грабеж на трезорот на НЛБ Банка

Утрово ненадејно, според потврдени информации на НетПрес, во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари од срцев удар починал еден од четворицата осудени за грабежот во НЛБ Тутунска банка.

Според сознанијата, станува збор за Б.М., кој беше третообвинет во случајот. Трагедијата да биде поголема, како што ни беше, кажано нему му преостанувале уште малку повеќе  од шест месеци до издржување на казната.

Со пресудата од почетокот на ноември 2017 година, сите тријца обвинети добија вкупно 20 години затворска казна. На првообвинетиот Бобан Смилевски му беше изречена казна затвор од девет години и два месеца за кривичните дела затајување и тешка кражба. Неговиот брат Горан како второобвинет доби шест и пол години, третообвинетиот Борис Мичевски пет години и два месеца, додека четвртообвинетиот Мирослав Каевски доби условна казна за затајување.

Со пресудата, осудените беа должни да го вратат целиот износ кој е ограбен од НЛБ Тутунска банка. Четворицата обвинети за грабежот ја признаа вината, но не открија што сториле со украдените пари. Тие на 10-ти април 217-та од НЛБ украле 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра.