![italija zicnica](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/italija-zicnica.jpg?resize=596%2C335&ssl=1)
Едно од двете деца, чија возраст се проценува на девет години, повредени во падот на кабината на жичницата во неделата во северна Италија, починало во билницата во Торино, соопштија болнички извори за агенцијата Ansa, со што вкупниот број жртви во оваа несреќа се искачи на 14 луѓе.
Како што беше претходно објавени, двете деца со медицински хеликоптери беа пренесени во болницата „Регина Маргерита“ во Торино, од каде што соопштија вечерта во неделата дека повозрасното, како што се претпоставува на деветгодишна возраст, починало од повеќекратните повреди на главата, градите и двете нозе. Другото дете, на околу петгодишна возраст, исто така, со тешки повреди било свесно пред да биде подложено на операција поради повеќратните повреди.
Според досегашните информации од горската спасувачка и спелоолошка служба, во кабината од жичницата која ги поврзива селото Стрезо на брегот на езерото Маџоре со блискиот алпски врв Мотароне висок близу 1.500 метри со капацитет од 40 патници, веројатно имало 15 лица.
Несреќата се случила додека кабината се приближувала до крајот на жичницата, околу последниот столб на околу 300 метри од станицата, а кабината паднала од 20 метри височина, се тркала по падината на планината сѐ додека се била запрена од дрвјата.
Според Марсела Северино, градоначланичка на Стрезо, планинари кои пешки се искачувале кон врвот слушнале силен тресок, поради што се претпоставува дека причина за трагедијата е пукнување на носечкиот кабел. Во изјава за медиумите таа додаде дека некои од жртвите биле најдени во кабината, а другите биле расфрлени во шумата.
Патолозите сѐ уште ја вршат идентификацијата на жртвите, меѓу кои има и странски државјани. Засега не се соопштуваат други поединости во врска со жртвите.
Лука Кари, портпаролот на локалната противпожарна служба, изјавил дека сѐ уште не е познато со сигурност колку вкупно луѓе имало во кабината.
Жичницата Стреза – Мотароне беше повторно отворена пред речиси еден месец за локалното население и туристите по постепеното укинување на епидемиолошкото „затворење“.
Врвот Мотароне е многу популарен и омилен меѓу туристите поради прекрасниот панорамски поглед на езерото Маџоре и на неговите живописни острови, како и поради отворениот видик кон Алпите.
Жичницата е првпат отворена во август 1970 година по тригодишните работи на замена на запчестата железница. Според операторот, во 2014 година жичницата минала темелен ремонт кој траел две години.
Двојниот кабелски систем е поделен во два дела. Првиот се наоѓа на малку повеќе од два километара меѓу Стреза и селото Алпина, а вториот три километра меѓу Алпина и Мотароне. Се состои од две кабини кои возат во спротивните насоки, а секоја кабина може да прими до 40 патници.