Почина екс-ју фудбалска легенда Ивица Осим

Во неделата во австриски Грац, каде што живееше последните неколку години, во 81 година од животот почина легендарниот босанскохерцеговски и поранешн југословенски фудбалер и тренер Ивица Осим.

Во текот на играчката кариера Осим беше познат по прекарот „Штраус од Грбавица“ демонстрирајќи извонредна фудбалска техника во дресот на сараевски Железничар во чии редови мина најголем дел од кариерата.

За Железничар настапуваше од 1959 до 1970 гоидна, а во 1967 година е прогласен за најдобар фудбалер во тогашна Југославау. Подоцна кариерата ја продолжува во Франција, каде играше за Стразбур, Седан и Валенсијанс.

Тренерската кариера ја започна во 1978 година и до 1986 година беше на клупата на својот матичен клуб Железничар со кој во 1985 година стаса до полуфиналето на тогашнио Куп на УЕФА.

Од 1986 до 1992 година беше селектор на Југаославаија со којашто на Светското првенство во Италија во 1900 година стаса до полуфиналето.

Потоа ги водеше и Партизан, Панатенаикос, Штурм, ЏЕФ Јунајтед, а последниот агажман го имаше како селектор на Јапонија.