
Почина израелската гранична полицајка која утрово се здоби со тешки повреди при напад со нож во Ерусалим, соопшти израелската полиција.
Таа беше нападната од 16-годишен Палестинец пред полициска станица во Источен Ерусалим, кој Израел го анектираше откако го освои во Шестдневната војна во 1967 година.
Во соопштението полицијата наведува дека „терористот е неутрализиран“.
Полицајката (20), која има и американско државјанство, се преселила во Израел пред две години и живеела во кибуц во близина на границата на Појасот Газа во област нападната од членовите на исламската екстремистичка група Хамас на 7 октомври.
Оттогаш, убиени се 59 израелски полицајци, објавија израелските медиуми.