Почина легендарниот мотоциклист Фил Рид

Легендарниот британски мотоциклист Фил Рид почина на 83-годишна возраст, објави во петокот неговото семејство.

Рид беше првиот мотоциклист кој го освои Светското првенство во категориите 1245, 250 и 500 кубици, а вкупно во текот на кариерата освои седум светски титули.

Голем ривал на сонародникот Мајк Д’бајк Хеклвуд и на италијанскиот великан Џакомо Агостини, замина во пензија со 52 гран-при победи. Клубот на „Yamaha“ му оддаде почест како „навистина еден од најголемите во мото трките“.

Ред се натпреваруваше во периодот од 1961 до 1976 година, а во 2013 година беше прогласен за „мото гран-при легенда“ своите постигнувања во мотоциклистичкиот спорт.