Почина легендарниот рок гитарист Ван Хален

Легендарниот холандско-американски гитарист почина во вторникот по долгата борба со ракот на грлото.

“Не можам да верувам дека морам да го напишам ова, но мојот татко, Едвард Лодевик Ван Хален, утрово ја загуби долгата и мачна битка со ракот. Тој беше најдобриот татко што некогаш можев да го посакам. Секој момент што го споделував со него на, и надвор од сцената, беше подарок “, објави неговиот син музичарот Волф ван Хален на Твитер.