Елснер е словенечка легенда, кој имаше 14 настапи за поранешна Југославија и бронза од Олимписките игри во 1984 година во Лос Анџелес, во составот во кој беше и македонската легенда Милко Ѓуровски. Елзнер е еден од најдобрите словенечки фудбалери, кој зпиша и два настапи за словенечката репрезентација.
Во кариерата играше за Слован, Олимпија, Ница, Адмира Вакер, а играше четири години и за белградска Црвена Звезда во периодот од 1983 до 1987 година заедно со Милко Ѓуровски (до 1986) и Бошко Ѓуровски.
Потекнува од фудбалско семејство, неговиот татко беше познат тренер. Неговиот син Лука исто така беше фудбалер, додека другиот син Рок и натаму е вклучен во овој спорт.
„Како скијач дојдов во Црвена звезда, а заминав како крал!“ – се сеќаваат на зборовите на Елснер.
Овој одбранбен играч беше шампион на Југославија (1984) и победник на Купот на Југославија 12 месеци подоцна со Црвена звезда.