Почина легендата на Атлетико Мадрид и на Партизан, Радомир Антиќ

Денес е тажен ден за сите во еден од најпопуларните шпански колективи, Атлетико Мадрид. Во 71. година од животот денеска почина некогашниот прославен тренер на „јорганџиите“, Барселона, но и поранешен српски селектор и играч на Партизан.

Антиќ е една од митските фигури на клупата на Атлетико, каде помина 189 официјални натпревари во текот на пет сезони.

Освен на клупата на мадридскиот великан, српскиот стратег работеше како менаџер на Барселона во 2003 година, а беше на клупите и на Овиедо, Селта, Реал Мадрид и Сарагоса. На клупата на репрезентацијата на Србија помина 2 години.