Почина медицинска сестра од „8 Септември“ од коронавирус

Медицинската сестра Нашиде Емини (1961-2021) која долги години била дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје почина од коронавирусот, соопшти Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.

„Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.

Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски“ пишува на Фејсбук.