Во петокот, во 91-та година од животот, почина Милтон Глејзер, американскиот дизајнер најпознат како творец на логотипот „I love NY“ кое го сочинуваат црни букви и црвено срце на бела заднина, објави The New York Times.
Глејзер, роден њујорчанец, починал во петокот во својот дом на Менхентен од последици на мозочен удар. Неговата сопруга Ширли, за медиумите рекла дека пател и од откажување на бубрезите.
Повлечениот дизајнер беше соосновач на ценетото списание The New York Magazine, a дизајнираше бројни логотипови, меѓу кои и логото за DC Comics, како и постерот на Боб Дилан на кој пејачот е прикажан во профил како црна силуета со шарена коса и визуелниот идентитет за серијата „Mad Men“.
Роден во Бронкс 1929 година, Глејзер стана еден од најпознатите и најславни светски дизајнери. Своето најпознато лого „I love NY” го осмисли во далечната 1970 година.
Во 2009 година го доби Националниот медал за уметност, најпрестижната награда со кој американскиот Конгрес им одава почест на уметниците и покровителите на уметноста.